Екипата на „Соколарци“ е победник на 53. издание на Илинденски фудбалски турнир во Чешиново

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Фудбалерите на „Соколарци“ се новите шампиони на 53. издание на традиционалниот фудбалски турнир во рамки на Илинденските спортски игри што се одржаа во Чешиново. Во финалето, тие одиграа без голови (0:0) со екипата на „Облешево“, но беа поуспешни при изведувањето на пеналите, победувајќи со резултат од 5:4.

Како награда за првото место, Локалната самоуправа на општина Чешиново-Облешево на екипата на „Соколарци“ и додели паричен ваучер во износ од 140.000 денари, додека второпласираната екипа „Облешево“ доби ваучер од 70.000 денари.

За најдобар голман беше прогласен Филип Лазаревски од победничката екипа, а за играч беше избран Славче Живков исто така и тој се натпреваруваше за победничката екипа.

Во продолжение се изјавите на организаторот Митко Бојаџиев и капитенот на победничаката екипа Славче Живков.

Организацискиот одбор додели и благодарници на Полицискта станица – Кочани, ОФС – Кочани и другте поддржувачи.

На градоначалникот Далибор Ангелов му доделија дрес во знак на успешната соработка во текот на неговите четири години.

Инаку, манифестација  е една од најстарите во регионот која трае еден месец, а низ годините минати на Илинденските спортски игри настапиле  многу екипи од регионот и пошироко, кои покажале врвни спортски резултати, спортска игра и дружење.

Целта на турнирот е да се чува и негува една од најстарата спортска традиција, но во истовреме се развива и спортскиот дух меѓу жителите.

Сите натпревари се одиграа на фудбалското игралиште ,,Даме Груев” во Чешиново.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Виница – Се чисти снег во градот и на повисоките наслени места

Екипи на ЈП „Солидарност“ од Виница денеска уште од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците во градот, од патните правци кои гравитираат од селата кон градот и од патните правци кон селата во Општина Виница, соопштува локалната самоуправа. -Исчистени се неколку патни правци: Осојница-Липец, Липец-Блатец, Блатец-Скараница

TAБ MAK ВРАБОТУВА…..

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

ОВР Кочани: Во „форд“ со СК таблички пронајдена бела прашкаста материја

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј(40) и О.И.(29), двајцата од Скопје. Според пријавата, на 17.01.2026 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, при што е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Од судија на претходна постапка, на М.Е.Ј. му е определена мерка притвор