Порака од Расплет фестивалот во Кочани – Овој настан не е само музички концерт, туку моќна лекција за тоа како се оддава почит кон оние што засекогаш ќе останат во нашите срца

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вашиот гест говори многу повеќе од зборовите. Му покажавте на целиот град, а и на постарите генерации, дека вистинските вредности живеат во младите. Дека љубовта, спомените и достоинството не се забораваат, туку се чуваат преку заедништво и култура.

Ова беше кажано синоќа пред отворањето на Расплет фестивалот што се одржува во Кочани на Споменикот на слободата и е порака од Зоран и Лидија, родители на Сара Јорданова, една од 62 – жртви во несреќата од 16 март.

Со длабока почит и искрена благодарност им се обраќаме на сите млади кои го организираа фестивалот посветен не само на Сара  — со срце, со душа и со огромна љубов. Овој настан не е само музички концерт, туку моќна лекција за тоа како се оддава почит кон оние што засекогаш ќе останат во нашите срца, смета семејството Јорданови.

Организаторите пред почетокот на музичкиот дел од програмата, од сцената, ги прочитаа имињата на сите почиинати во пожарот во „Пулс“, по што првин следуваше аплауз, а потоа и минута молчење во нивна чест.

Сара Јорданова свиреше на тапани во „Корка“, кочански бенд од каде тргна идеата со организирање на музчки настан со хуманитарен карактер.

Причината за дводневното времетраење е  да може да се привлече поголемо внимание кон Кочани и сите засегнати од трагедијата и да се собере што е можно поголем број на донации.

Донациите не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат на нив, порачаа организаторите на Расплет фестивалот, чија завршница е вечерва, а настапуваат Хајка, Taxi Consillium, Корка, Алембик, Јаблан, Don Playa, Луфтанза, Соба Глувих, Големата Вода, Mallard и DJ Gianni.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот