ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 12.03.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило и претрес на дом и други простории кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и таблета МДМА.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.