„Облешево“ и „Соколарци“ ќе играат финале на ИСИ во Општина Чешиново-Облешево

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вчера и денеска се одиграа полуфиналните средби од фудбалскиот турнир во Чешиново во рамки на Илинденските спортски игри 2025.

Вчера силите ги одмерија „Тркање“ и „Облешево“, а резулатот беше 1:4 за „Облешево“со што момците станаа први финалист.

Денеска се одигра вториот полуфинален ден, а играа екипите на „Долни Подлог “ и „Соколарци “, при што резултатот беше 0:2 за екипата на „Соколарци“.

Финалисти на Турнирот во фудбал во рамките на 53. изднаие на Илинденските спортски игри се екипите на „Облешево“ и  „Соколарци“.

Финалето ќе се одржи в сабота, 2 август, со почеток од 18 часот на фудбалското игралиште „Даме Груев“ во Чешиново.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Виница – Се чисти снег во градот и на повисоките наслени места

Екипи на ЈП „Солидарност“ од Виница денеска уште од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците во градот, од патните правци кои гравитираат од селата кон градот и од патните правци кон селата во Општина Виница, соопштува локалната самоуправа. -Исчистени се неколку патни правци: Осојница-Липец, Липец-Блатец, Блатец-Скараница

TAБ MAK ВРАБОТУВА…..

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

ОВР Кочани: Во „форд“ со СК таблички пронајдена бела прашкаста материја

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј(40) и О.И.(29), двајцата од Скопје. Според пријавата, на 17.01.2026 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, при што е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Од судија на претходна постапка, на М.Е.Ј. му е определена мерка притвор