Денеска (27.07.2025) во 01.48 часот во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода Т.С.(36) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.