Изгаснат пожарот кај селото Нивичани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Пожарот што попладнево избувна во атарот на селото Нивичани е целосно изгаснат.

Благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица, доброволното противпожарно друштво од Кочани и мештани, огнената стихија најпрво беше локализирана, а потоа и целосно ставена под контрола во вечерните часови.

Во пожарот е зафатена површина со сува трева и нискостеблеста шума, но спречено е негово ширење кон поширок простор. Интервенцијата заврши без повредени лица.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Слив Елит Евентс“ беше домаќин на најголемот елитен настан што се случи во Источна Македонија

„Слив Елит Евентс“ беше домаќин на најголемот елитен настан што деновиве се случи во Источна Македонија. Еден од најлуксузните рибници кај нас заедно со градот Виница, блесна на музичката мапа на светот. Со првото издание на „Cafe De Anatolia“ Experience концептот, регионов стана сведок на спекатакал од светски рамки, настан каков што не се гледа

Обезбедени 8 милиони денари за нови инфраструктурни проекти во Општина Зрновци, кои граѓаните ги очекуваат со децении…

Општина Зрновци информира дека, благодарение на Министерството за транспорт и врски и силната поддршка од Владата на Република Македонија, обезбедени се околу 8.000.000 денари за реализација на три нови витални проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура. Проектите кои ќе се реализираат се: Целосна реконструкција на улиците „Илија Танев“ и „Димчо Петров“ во село Мородвис

Ѓорѓи од КПС „Осоговски Орел“ требаше денес да слави роденден – животот го загуби во несреќата во „Пулс“

Ѓорѓи, член на КПС „Осоговски Орел“, денеска требаше да го прослави својот роденеден. Но, тој животот го загуби на 16 март годинава во трагичната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“. Ѓорѓи беше активен спортист и препознатлив член на клубот, познат по својата посветеност на планинарењето и спортскиот живот. Оттаму велат дека бил пример за