Мajко стигнав…Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно! -Прилепчанецот Пандовски истрча до Острог за болните од рак!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

 

Антонио Пандовски е млад повек по потекло од Прилеп, кој 18 дена трчаше за да стигне до манастирот Острог, во Црна Гора.

Тој во јануари годинава во интервју за Радио Пела  детално ги образложи причините за овој подвиг барајќи поддршка за донации кои ќе бидат наменети за децата болни од рак. Тој трчаше во чест на својата мајка која пред извесно време починала од рак.

Мојот мотив е да им помогнам на децата што боледуваат од рак. Сакам да соберам што е можно повеќе средства и да им помогнам во нивното лекување. Втор мотив е да им оддадам почит на моите родители. Мојот татко се викаше Васил, а манастирот го носи името „Св. Василије Острошки“. Мајка ми пак, имаше голема желба да го посети овој манастир, но за жал не успеа. Откако веќе таа не е меѓу нас, кај мене се створи желба да отидам до Острог, но на ваков начин, со хумана цел.

Фондацијата „Ице Бегов“  ја поддржа идејата на Антонио Пандовски и со претходни подготовки од поддршувачите, донаторите и спонзорите, Антони Пандовски успеа да ја реализира својата благородна мисија.

Денес, тој ја обелодени веста дека по истрчани 600 километри за време од 18 дена, конечно стигна пред манастирот Острог.

Во целост ви ја пренесуваме неговата објава на Фејсбук.

Ден 18 ПОБЕДА ОСТРОГ!  Мајко… Стигнав. Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно. Твојот сон сега е мое дело. Секоја солза, секоја болка, секој камен под моите нозе вредеше. Го положив мојот подвиг пред Острог. И ти го посветив тебе. И на сите мали срца што се борат за живот. Нека знаат љубовта не запира. И јас нема да застанам.

Тимот на Радио Пела се гордее со подвигот на нашиот сограѓанин Антонио Пандовски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пријавете се за хуманитарната трка „Prilep run 2026″

Отворени се пријавите за хумантарната трка „Prilep run” 2026 која под мотото „Трка со срце“ ќе се случи на 14 јуни во Прилеп. Трката ќе започне од плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп. Пријавувањето за трката трае до 7 јуни, а тие што ќе се пријават до први јуни ќе...

(ФОТО)Со изложба и презентација во СОУ „Р.Р.Ричко“ одбележани 110 години од Македонскиот фронт во Првата светска војна

По повод големиот јубилеј – 110 години од Македонскиот фронт во Првата светска војна, во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во организација на професорот Никола Толоманоски и Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија (АНИМ) се одржа исклучителен културно-историски настан насловен „Од минатото до денес – приказни што вреди да...

Градскиот саат запеа нова мелодија -„Серенада за Прилеп“

И, на прилепскиот градски саат му се допадна „Серенада за Прилеп“ во изведба на Блага Петреска, Александар и Дац, па почна да ја пее на пладне. Со означување точно 12,оо часот, градскиот саат ја промени својата музичка нумера, во нов музички жанр серенада и ги изненади пријатно прилепските трговци и...