ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИ НА ТРУДНИЦИ И ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за здравство објави дека согласно прогнозите од УХМР, денеска се активира фаза 3 заради превенирање на последиците од топлотниот бран врз здравјето на населението. Оваа фаза ќе трае до 8 јули.

На предлог на Министерството, Владата донесе неколку препораки:

– Ослободување од работни обврски на бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработените во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

– Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17.00) за работници изложени на директна топлина.

– Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо.

– Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа: простории со температура до 25 Целзиусови степени, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку.

– Сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

„Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност“, кажаа од Министерството за здравство.

Македонија, како и голем дел од јужна Европа, е погодена од топлотен бран. Во следните денови се најавуваат максимални температури од 32 до 41 Целзиусов степен низ земјата.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се санира Ленишки мост – следи времена измена на сообраќајот

Регионалниот центар за управување со кризи информира по известување од АМСМ за времена измена на сообрајот поради градежни работи на дел од патот Плетвар – Прилеп:  ИЗВЕСТУВАЊЕ : На 20.04.2026 година (Понеделник), ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен...

Најавени прекини на електричната енергија за понеделник и вторник

Регионалниот центар за управување со кризи по информација од ЕВН известува за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за деновите понеделник и вторник:  На 20.04.2026 год. (понеделник) од 09.30 ч. до 15.00 ч. на следните места во Општина Прилеп : викенд населба ,,Маркова чешма” , Поводеници и Вештачко езеро – Прилеп.  На 21.04.2026...

„Живот повторно“ настан организиран од храброто момче Димитар Радески

На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков” – Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно” кој го организира Димитар Радески од Прилеп воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикне и подигне свеста за малигните болести и превенција на истите. „Јас, Димитар Радески, како канцер...