(ВИДЕО)Земјоделците трпат огромни штети – Водостопанство нема решение за дефектот од хидросистемот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во ек на расадување на тутунот и градинарските култури левата падина од мрежата за наводнување преку прилепскиот хидросистем веќе месец ден е нефункционална. Земјоделците револтирани бараат час поскоро дефектот да биде саниран бидејќи без вода на температури над 30 степени целзиусови на отворено, тешко дека ќе опстане било која култура. Тутунот што е расаден се суши, а тешко дека расадувањето ќе продолжи на планираните површини. Земјоделците апелираат веднаш надлежното министерство да реагира:

Пред месец и пол водата беше пуштена, а пред 3 недели ни беше кажано дека оваа падина има дефект, поточно дека има пукнато цевка. Дали е тоа од нестручност, од незнаење од вработените таму како треба да се постапува при пуштањето на вода, на воздухот кој што треба да се испушти. Истиот дефект беше и лани. Десет дена немаше вода, два пати ја сменуваа цевката. Првиот пат цевката пукна, а вториот пат некако ја сработија работата и имаше вода. Годинава го имаме истиот проблем. Годинава планирам да имам 2 хектари, досега имам насадено само 4,5 декари, колку ќе сработам не знам бидејќи нема вода, вели Рубин Иваноски, тутунопроизводител.
Ние сме три члено семејство, исклучиво живеаме од тутунот, друго немаме за прехрана. Моментално нема вода, имам насадено 3 декари, а имам уште 9 декари за садење, а вода нема. Го замолувам министерот да се обрати до Водостопанство бидејќи јас имам договор и му платив претходно, а вода нема. Последиците ќе бидат многу големи, рече Димко Митрески, тутунопроизводител.
Тутунот насаден, половина се суши, вода нема, и оној тутун што е насаден се суши. Кој ќе им плати на земјоделците? Прилепско поле само парите да ни ги земе, а не се интересираат како да го решат проблемот, вели Зора Колеска.

„Проблемот со дефектот на левата падина од прилепскиот хидросистем е сложен и бара интервенција на специјализирана фирма,“ вели во телефонски разговор Филип Филипоски, извршен директор на АД Водостопанство Македонија. Сепак, кога ќе биде санирана дел од мрежата за наводнување никој во моментов нема одговор.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Утре РК Прилеп го пречекува вториот тим на Еурофарм Пелистер – судат Карбеска и Илиева

Ракометарите на РК Прилеп, утре (15.04) , со салата на СОУ Ристе Ристески Ричко, со почеток од 19:30 часот, го пречекува вториот тим на Еурофарм Пелистер. Натпреварот е во рамките на петтото коло од плеј-аутот во Супер лигата и прилепската публика очекува нивниот омилен тим да издвојува победа. Натпреварот ќе...

Учениците од СОУ „Орде Чопела“ засадија надеж – цвеќиња и насмевки во Дневниот центар

Денеска учениците од СОУ „Орде Чопела“ -Прилеп,  од профилот агротехничар и агроменаџер, покажаа дека младоста носи сила, но и топлина. Во Дневниот центар за деца со церебрална парализа, тие не само што засадија цвеќиња, туку засадија и насмевки, радост и надеж, потврдувјаќи дека инклузивноста е применлива на дело, хортикултурното уредување...

Полициски 24 маратон против безумната брзина – акција низ целата земја

Од вечерва на полноќ,  15 април, од 00:00 часот до 16 април до 00:00 часот ПОЛИЦИЈАТА ќе се реализира 24-часовен „Маратон на брзина“, при што на територијата на целата држава ќе се вршат континуирани контроли на брзината на движење. Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции...