Денеска учениците од СОУ „Орде Чопела“ -Прилеп, од профилот агротехничар и агроменаџер, покажаа дека младоста носи сила, но и топлина. Во Дневниот центар за деца со церебрална парализа, тие не само што засадија цвеќиња, туку засадија и насмевки, радост и надеж, потврдувјаќи дека инклузивноста е применлива на дело, хортикултурното уредување е нивна специјалност.
Секоја рака што копаше земја, секој мал труд и секој искрен поглед беа дел од една голема приказна за човечност и заедништво. Цветните садници станаа симбол на нов почеток, а насмевките на децата, најубавиот плод од оваа акција.
„Денеска заедно, создадовме нешто посебно, убав двор и прекрасна искуство и дружба. Среќни сме што новите насади темјанушки ќе бидат наш дар за децата кои го поминуваат времето во Дневниот центар“ велат учениците, нагласувајќи дека вистинската вредност не е во материјалното, туку во љубовта и вниманието што го подаруваме едни према други.
Оваа иницијатива е потсетник дека секој мал гест може да донесе голема промена. Учениците од СОУ „Орде Чопела“ покажаа дека младите се носители на светлина и дека заедно може да изгради општество без пречки и разлики, во кое секое дете ќе се чувствува прифатено и сакано.









