Превентивни активности на ОВР – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
ОВР Кочани во соработка со ЈП „Национални шуми“ на подрачјето под надлежност на одделението беа спроведени превентивни активности во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва.
Притоа во рамки на сите тие активности, во разговор со граѓаните и месното население полициските службеници потенцираа дека потребна е континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција на институциите.
Исто така беше нагласено дека во пресрет на летниот период и зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.
Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, во близина а излетничко-рекреативни центри, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви.
Покрај тоа граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото пожар, односно „Предизвикување општа опасност“ регулирано во Кривичниот законик на РМ по член 288, со што се предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години.
Целта на овие активности беше да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.
Воедно на граѓаните им беа делени и информативни летоци изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари…

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани

„Туран“ излета од патот кај Уларци, тешко повредено малолетно девојче

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди