Генералниот директор на „Амфенол“ – Кочани, Сашко Наков ја доби наградата за менаџер на годината, на гала прославата „Најдоброто од Истокот“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Синоќа во хотелот „Мајбери“ – Свети Николе јубилејно по десети пат се одржа манифестацијата „Најдоброто од Истокот“ каде беа доделени вкупно 17 награди од различни области:

-Екологија

-Стопанство

-Општествена одговорност

-Здравство

-Уметност

-Женско претприемништво

-Образование

-Хуманост

-Планинарски подвик

-Култура

-Маркетинг

-Граѓански активизам

-Спорт

-Животно дело

– И Менаџер на годината.

Како што веќе е објавено во насловот, годинава наградата менаџер на годината, сосема заслужено му припадна на предводникот на кочанскиот гигант „Амфенол Технолоџи Македонија“, Сашко Наков.

Во продолжение го пренесуваме видеото што беше емитувано на големиот видео бим во преполната сала на хотелот „Мајбери“ во Свети Николе.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ беше отслужена света литургија и општ парастос, со кои чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и митрополитот Иларион.

Денеска во Кочани се одржаа верски обреди по повод годишнината од трагичниот пожар, во спомен на загинатите. Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ најнапред беше отслужена света литургија за упокоените, по што се одржа и општ парастос. Со богослужбата чиноначалствуваа Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Неговото високопреосвештенство, митрополитот на Брегалничката епархија г.

Кочанската библиотека „Искра“ организираше едукативна работилница за одржување на здравјето

ЈОУ Библиотека,,Искра”, во соработка со Регионалниот центар за ментално здравје и психо- социјслна поддршка и Здружението за психотерапија Амигдала, денеска ја  реализираше првата од осумте предвидени едукативни работилници за превенција и одржување на здравјето. Во првиот дел Станче Василев од Здружението на пчелари,, Матица” од Кочани ги презентираше предностите од користењето на пчелните производи и

Градоначалникот Костадинов и словенечкиот амбасадор Прескер на завршната обука за агро-екотуризам во Чешиново-Облешево

Во Општина Чешиново–Облешево се одржа завршниот дел од обуката за агро-екотуризам, која беше реализирана во рамки на проектот „Развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини“. Домаќин на настанот беше винаријата „Дедов Двор“ од село Кучичино. Обуката беше финансирана од Словенечката амбасада во Република Македонија, а нејзината цел беше да се поттикне развојот на агро-екотуризмот, да