Зрновци со нова визија: Дом за стари лица, базен, урбани зони и над 100 нови парцели за домување

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Зрновци ги напушта епитетите од минатото – најавени нови инвестиции и урбани зафати

Општина Зрновци повеќе не сака да биде препознаена како „мала, сиромашна и изолирана“ – епитети кои, според актуелното раководство, ѝ припаѓаат на едно „темно и сурово минато“. Градоначалникот Борчо Коцев најави серија инфраструктурни и економски проекти кои, како што истакна, ќе го променат ликот на општината.

Еден од клучните проекти е изградбата на Дом за стари лица со капацитет за 75 корисници и со отворање на најмалку 20 нови работни места. Во план е и откуп на земјоделски и овоштарски производи од локалното население, како и значително урбано уредување на просторот околу „Етно парк Зрновци“, каде се предвидени нов базен, велосипедско-скејтерски полигон, спортско игралиште и објект со угостителско-забавен карактер.

Во изминатите три години, локалната самоуправа, заедно со стручната служба и општинските институции, вложила значителни напори во сите сектори, со особен фокус на урбанизмот. „Урбанизмот е основа за економско јакнење, територијален развој и институционално унапредување“, велат од општината, нагласувајќи ја важноста на соработката со приватниот сектор како клучен партнер во развојните процеси.

Со цел заживување на македонските села, локалните власти посочуваат дека крајната цел е задоволни жители, инвеститори и модерна инфраструктура. Дел од постигнатите резултати се и изготвените урбанистички планови и проекти со кои се отвора простор за нови инвестиции: домови за стари лица, бензински пумпи, хотели, технички прегледи, стрелани, викенд населби и спортско-рекреативни зони.

Дополнително, над 100 приватни парцели со слаба земјоделска вредност се пренаменети во градежно земјиште за индивидуално домување, со што се создаваат нови можности за развој и привлекување население.

„Заедно со Советот на општина Зрновци, Економскиот локален совет и Локалната младинска стратегија, ветивме дека ќе изградиме еколошки чиста, урбана и економски моќна општина. Денес ги гледаме првите плодови на тие заложби“, заклучуваат од општината.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од