Утре кочанските жолто-сини го играат најважниот натпревар во сезоната !

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Утре, фудбалскиот клуб Осогово ќе го игра најважниот натпревар во сезоната.

Во бараж дуел за опстанок во Втората македонска фудбалска лига, Осогово ќе се соочи со екипата на Шкендија од Арачиново.

Натпреварот ќе се одигра во Кавадарци, каде што ќе се решава иднината на клубот.

По сите предизвици што клубот ги помина оваа сезона, ова е моментот кога се брои секој глас, секој аплауз и секоја поддршка од трибините. Осогово мора сам да си ја испише судбината – на терен, со срце и посветеност.

Апел до навивачите – „Сите во Кавадарци!“

Во исчекување на евентуалните одлуки од Фудбалската федерација на Македонија околу истрагата за можен наместен натпревар меѓу Башкими и Кожув, Осогово не смее да се надева на туѓа несреќа. Мора сам да обезбеди опстанок.

Затоа, навивачите, љубителите на фудбалот и сите пријатели на спортот се повикуваат во сабота да бидат во Кавадарци – таму каде што битката ќе се води не само на тревникот, туку и од трибините.

На фудбалерите им посакуваме спортска среќа, сила и успех – цело Кочани е со вас!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од