Се одржа тринаесетото издание на АФКО 2025

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во петок, 16. мај 2025 се одржа АФКО 2025. Библиотеката при Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе беше претесна да ги собере сите љубители на афоризмот кои сакаа да ја следат оваа манифестација.

Манифестацијата АФКО (во првите свои изданија позната како „Вечери на македонскиот афоризам“) годинав требаше даго има своето тринаесетто издание на 28 март во Кочани. Поради трагедијата во дискотеката „Пулс“ истата беше одожена на неодредено време и нејзиното одржување во Кочани годинава беше неизвесно. Но желбата да не се прекине традицијата од 12 последователи изданија на оваа манифестација, ги натера организаторите од ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“ да побарааат алернативна локација за АФКО 2025. При првиот контакт со ректорот Јордан Ѓорчев од Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе веднаш беше постигната согласност манифецтацијата да се реализира на овој универзитет.

Во првиот дел од  АФКО 2025, со сетови свои афоризми настапија: Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стоименова од Кочани; Ацо Ѓорѓиев и Ристо Филчевски од Струмица; Атанас Крлевски и Димитар Илиев – Вилазорски од Велес; Елеонора Николовска и Марјан Анѓеловски од Скопје и Нада Караџиќ од Белград – Србија. Публиката со бурни аплаузи ги наградуваше нивните афоризми.

Во вториот дел од манифестацијата беа доделени наградите, во вид на дипломи, од конкурсот за афоризми на тема „Овци, стада, овчари“. Првата  награда му припадна на Марјан Анѓеловски од Скопје, втората на Атанас Крлевски од Велес а третата на Марија Брндевска од Струмица а пофалници за своите афоизми добија: Дана Тембелеска од Битола, Костадинка Витанова од Струмица и Драганчо Тасевски – Изворски од Кичево. Од наградените Марија Брндевска не се појави да ја прими својата диплома а од пофалените само Дана Тембелеска  беше присутна и ја прими пофалницата.

Во третиот дел од АФКО 2025 беше доделена традиционалната Сребрена плакета за развој и афирмација на хуморот и сатирата во Македонија. Овојпат носител на ова признание, што го доделува организаторотЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“, е Славица Цветкова од Кочани. Славица е новинар, професор по Македонски јазик и литература, лектор, организатор на разни културни манифестации и сестран литературен творец. Редовен член е на органиациониот одбор на манифестацјата АФКО повеќе години наназад,  автор на поголем тел од текстовите објавувани во билтените од оваа манифестација како и водител на самата манифестацијата.

Заблагодарувајќи им  се на домаќините и на прекрасната публика за посетата и аплаузите, организаторите изразија желба да се сретнат по една година, во Кочани на 14-тото издание на оваа манифестација, во нејзиниот редовен термин околу 1-ви април.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари…

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани

„Туран“ излета од патот кај Уларци, тешко повредено малолетно девојче

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди