Младиот талент од Кочани, Владимир Грчев го освои златниот медал на 29. Македонска јуниорска математичка олимпијада

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Младиот талент од Кочани, Владимир Грчев, повторно блесна и ни покажа што значи вистински успех!

На 29. Македонска јуниорска математичка олимпијада (ЈММО), што се одржа на 18 мај на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, при што тој го освои златен медал, со што, уште еднаш потврди дека неговото име е синоним за знаење и посветеност.

Овој нов триумф доаѓа само еден месец по неговиот златен медал по информатика, што ја прави неговата деветтоодделенска учебна година навистина блескава.

Неговата љубов кон науката, макотрпната работа и упорноста се препознаваат во секој негов успех.

Постигнувањата на Владимир се гордост не само за неговото семејство и училиште, туку и за целиот град Кочани.

Тој е инспирација за многу млади, доказ дека талентот, кога е придружен со труд, секогаш наоѓа пат до врвот. Честитки, Владимир! Продолжи да не радуваш и инспирираш – иднината е твоја!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од