По 43 години, дали конечно ќе се реновира кочанската болница ? – Специјалистите започнуваат со проценка на повредените

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По речиси половина век запоставеност, болницата во Кочани конечно ќе добие реновирање – најави Министерството за здравство. Истовремено, од утре започнува детална проценка на сите повредени во трагедијата што се случи на 16 март, кога животите ги загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Стручни тимови ќе проценуваат потреби за понатамошен третман

Тим од лекари од скопските клиники ќе врши индивидуална проценка на пациентите што беа лекувани во странство, како и оние кои закрепнуваат во македонските болници. Ќе се утврдува дали постои потреба од понатамошна рехабилитација или ортопедски помагала.

„Ќе биде повикан и тимот од Израел што беше тука веднаш по несреќата, за да даде свое стручно мислење. Според протоколите, пациентите се враќаат таму од каде што биле испратени“, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Болницата конечно добива реконструкција – прва по 43 години

Покрај медицинската проценка, болницата во Кочани конечно влегува во планот за реконструкција – прва поголема инвестиција по 43 години. Со децении таа се соочувала со недостаток на кадар, опрема и лоша инфраструктура.

„Во план е целосна реконструкција, не само на оваа, туку и на други здравствени установи низ земјава. Во изминатите години речиси ништо не е направено – ниту за објектите, ниту за кадарот“, изјави заменик-министерот за здравство Јовица Андовски. Тој посочи дека дел од потребниот персонал моментално се пополнува со кадар од Скопје и од болницата во Козле.

40 пациенти на физикална, 11 сè уште во странство

Околу 40 пациенти моментално посетуваат физикална терапија во Кочани, додека 18 лица сè уште се на болничко лекување – од кои 11 се во странство. За некои од нив закрепнувањето ќе трае подолго поради сериозноста на повредите.

На Клиниката за пластична хирургија се применуваат и ПРП методи за подобро заздравување на кожата и намалување на лузни.

„Кај дел од пациентите со заздравени рани користиме ПРП третмани за побрза регенерација на кожата“, изјави д-р Јасмина Ѓорѓиевска-Павловска, директорка на Клиниката.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари…

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани

„Туран“ излета од патот кај Уларци, тешко повредено малолетно девојче

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди