По пауза од десет години „Open Fun Football Schools“ повторно во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По десет години пауза повторно ќе се организира Отворената забавна фудбалска школа што се реализира во рамки на проектот Open Fun Football Schools. Во Кочани ќе се одржи во петок на 23 мај со почеток во 10 часот на стадионот Никола Мантов.

Денеска во ОУ „Никола Карев“ се одржа состанок меѓу директорките на училиштата и одделенските наставници и наставниците по ФЗО од основните училишта од Кочани и Оризари каде беа договорени деталите околу реализирање на настанот.

-Особено задолство ми е што сме повторно во вашиот град да направиме една прекрасна манифестација во соработка со покровителите и подржувачите на манифестацијата – Open Fun Football Schools, Ротари клуб Кочани – Виница и бизнис заедницата од Кочани во соработка со основните училишта од Кочани и Оризари. Ќе учествуваат 140 ученици од 4 то одделение, заедно со нивните одделенски наставници и наставниците по ФЗО заедно со наши инструктори. Ќе направиме една манифестација на градскиот стадион во Кочани во петок на 23 мај со почеток во 10 часот и тоа ќе биде манифестација на игра, забава и дружење на децата од сите училишта од Општина Кочани, рече Цено Александровски, Отворени забавни фудбалски школи Македонија.

Проектот Отворени забавни фудбалски школи веќе 25 години е присутен во Македонија и во соработка со најразлични донатори се организира и во другите градови. Од прокетот се надеваат дека ќе бидат поддржани и од Фудбалската федерација на Македонија бидејки вакви манифестации се потребни во општеството и се надеваат дека ќе се организираат и во иднина. Преку ваквите манифестации се развива спортскиот и натпреварувачки дух на учениците но основната идеја е и забавниот концепт, додаде Александровски. Она што е важно не е резултатот, туку аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњео и подобрувањето на нивото на вештините.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од