Фондацијата САСА со нови донации во образованието, културата и здравството

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во согласност со својата трајна определба за поддршка на заедницата, Рудник САСА, преку својата Фондација за одржлив развој, реализираше нов циклус на донации во три клучни области: образование, култура и здравство. Најновите донации се насочени кон унапредување на условите за учење, зачувување на културното наследство и зајакнување на локалните капацитети во јавното здравство.

Во делот на поддршката на образованието, овој пат Фондацијата САСА донираше средства за набавка на 50 нови шкафчиња за учениците од прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, со што дополнително се унапредуваат условите за секојдневен престој на децата во училиштето и се поттикнува развојот на одговорност и организираност кај учениците од најрана возраст.

Дополнително, фондацијата донираше и 300 нови книги во градската библиотека „Крсте Петков Мисирков“. Оваа најнова донација ќе придонесе за натамошно збогатување на книжевниот фонд и поттикнување на читачката култура кај сите генерации. Благодарение на долгогодишната поддршка од Фондацијата САСА, библиотеката денес располага со над 14.500 изданија наменети за читателите од сите возрасти.

Во рамки на својата поддршка за заштита и афирмација на културното наследство, фондацијата обезбеди нови автентични народни носии за најмладите членови (до 14 години) на културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица. Се работи за комплети машки и женски носии од Пијанечкиот регион, кои ќе овозможат автентично претставување на локалното наследство на културни настани во земјата и странство. Заради унапредување на културниот живот во локалната заедница, фондацијата обезбеди и средства за ставање во функција на дигиталниот кино-проектор во Домот на културата во Македонска Каменица, со што повторно се овозможува пристап за жителите до филмски и мултимедијални содржини.

Овие донации се надоврзуваат на најновата поддршка наменета за зајакнување на локалните капацитети за здравствена заштита реализирана неодамна преку донациите за набавка на медицински средства и опрема, која вклучуваше респиратор и монитори за следење на состојбата на пациентите, наменети за општата болница во Кочани и Клиничкиот центар во Штип. Дополнително, беа обезбедени чаршави и навлаки за пациентите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

„Сите ние во Рудник САСА цврсто веруваме дека рударството не значи само бизнис, туку и одговорност за вложување во луѓето, образованието, културата, здравјето и останатите области кои се значајни за благосостојбата и просперитетот на заедница. Фондацијата САСА е гласот и алатката преку која се реализира ваквата општествено одговорна мисија на рудникот САСА и групацијата CAML. Охрабрени сме од тоа што поддршката што ја обезбедуваме носи придобивки за луѓето и го подобрува квалитетот на животот во заедницата и токму затоа ќе продолжиме со голема посветеноство оваа насока“, изјави Ивица Талевски, директор на Фондацијата САСА.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од