(ВИДЕО) Бајката стана реалност – Се пушти во употреба новата детска градинка во нас. Точила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Се пушти во употреба новата детска градинка во нас. Точила, наречена “Бајка“. Во неа ќе бидат згружени 218 деца, со што се анулира долгогодишниот проблем на згрижување на деца во јавните детски градинки и се намалува листата на чекање за згрижување на деца од предшколска возраст во јавните детски градинки.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски, при ова официјално пуштање во употреба на детската градинка “Бајка“, на која се чекаше осум години за да биде ставена во функција,  најави,наскоро и нова детска градина во  нас. „Рид“ ,“за која веќе е обезбедена дозвола за градба“, рече тој. 

 

. планирана е уште една детска градинка во нас.„Рид“ со која ќе биде минимизиранана потребата од згрижување на деца во Прилеп.Веќе обезбедивме дозвола за градба.  А, кога оваа Локална самоуправа го презеде мандатот, градинката во нас. Точила постоеше само како карабина од еден спрат, недовршена и нефункционална. Со посветена работа, денес пред нас имаме целосно завршен, опремен и функционален објект, во кој вложивме 133 милиони денари – средства целосно обезбедени од општинскиот буџет. Притоа, направивме доработка и адаптација на проектот – дополнителна изградба на трафостаница, изградба на ограден ѕид за безбедност, набавка на современи реквизити за игра и развој, како и целосно опремување на просториите според највисоки стандарди за предучилишна грижа и едукација. Оваа градинка не е само објект – таа е симбол на нашата посветеност кон децата, семејствата и иднината на Прилеп.„ рече Јовчески

Министерството за труд и социјална политика, демеографија и млади помогна во опремување на градинката со  9 милиони денари.

Стоиме и понатамуј како министерство, во делот на опремување, да бидат купени дидактички средства и не само за оваа градинка,туку и за сите градинки во Макеоднија“ рече заменик министерот за  труд и социјална политика, демеографија и млади, Ѓорѓи Велковски

Листата на чекање за згрижување деца во детските градинки во Прилеп е 300 деца. Со пуштањето во употреба на оваа градинка ќе се намали листата на чекање  за згрижување  на деца од предшколска возраст  велат од јавната установа за згрижување на деца „Наша иднина“ – Прилеп.

Во моментов во градинката која има капацитет за 218 деца, ќе бидат згрижени 140, од 2 до 6 години. Има една јаслинска група и десет групи со деца од 2 до 6 години.Од утре и официјално започнуваме со работа.Со ова ќе ја намалиме листата на чекање, а по летните одмори планираме овој објект да работи со полн капацитет„ најави, директорката на детска градинка „Наша иднина“, Хрисина Трпческа.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО-ФОТО)Проданоски: Не може Комуналец да има 69 илјади вработени за да чистат по секој жител на општината

На 20тина локации во градот и во околината денеска Прилеп во голема еколошка акција за почиста и здрава животна средина. Над илјада граѓани доброволно вклучени на терен во организација на Општина Прилеп и ЈКП Комуналец. – Во догледно време каде што се чисти треба да никнат и паркови. Тоа е...

(Видео) Младите заминаа со насмевки, а дрворедите со нов сјај – Прилеп чисти!

Во рамките на еко акцијата во организација на Општина Прилеп, насловена „Еко мисија, твојот потпис за природата“ активно се вклучија, младите, учениците од средните училишта,  најмладите од детските градинки заедно со нивните воспитувачи и родители во бојадисувањето на стеблата на дрворедите и дрвајата во парковските површини во градот. Додека возрасните...

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Н.Е. Петра Дрекслер и Н.Е. Кристоф Ле Риголер, делегација од Општина Прилеп,...