Шкупи и Тиквеш заедно во чест на Андреј Лазаров…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Фудбалерите на Шкупи во претпоследното коло од сезоната на ПМФЛ го дочекаа Тиквеш на „Чаир“. Ова е прв меѓусебен натпревар на овие две екипи откако се случи големата трагедија со пожарот во дискотеката во Кочани во која животот го загубија преку 60 лица.

Една од жртвите беше и Андреј Лазаров, фудбалер кој последно настапуваше за екипата на Шкупи, а во минатото беше дел и од Тиквеш. Поради тоа двата тима постхумно му оддадоа почит повлекувајќи ги броевите кои играчот ги носеше.

Сега во пресрет на натпреварот играчите на двата тима се фотографираа заедно, а играчите на Шкупи носеа и маички посветени на Лазаров.

gol.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

КМФ „Фудбал Старс – Ауто Велт“ нов клуб на кочанската фудбалска сцена

Футсал фудбалот се враќа во Кочани, за што голем придонес има компанијата „Ауто Велт“, која финансиски и во секој поглед стои зад оваа идеја, која веќе е реализирана. Во просториите на Општинскиот фудбалски сојуз на Кочани на прес конференција денеска беше објавено дека е формираше нов футсал клуб, КМФ „Фудбал Старс – Ауто Велт“.  Клубот

ТОП БАЗАР вработува двајца доставувачи…

За потребите на компанијата ТОП БАЗАР вработува двајца доставувачи (дистрибутери) на производи. Заинтересираните треба да поседуваат возачка дозвола од „Б“ или „Ц“ категорија. Сите потребни информации можат да се добијат на телефон: 075 213 061 или во седиштето на фирмата што се наоѓа во Зоната на лесна индустрија во Кочани.

Тројца од повредените пожарникари во фабриката „Макпрогрес“ се пуштени дома, еден пратен на дополнителни испитувања

Тројца од повредените пожарникари при гаснењето на пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница што беа згрижени во Општата болница во Кочани се пуштени на домашно лекување. Четвртиот пожарникар, кој е припадник на ТППЕ од Штип, е испратен на дополнителни испитувања во штипската Клиничка болница, информираше Катерина Паниќ Мирчовска, в.д. директор на кочанската болница. Таа се