Медицински тим од штипската и од кочанската болница обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Двајца физијатри, двајца хирурзи, како и физиотерапевти, инструментарки и медицински сестри од Клиничка болница-Штип и Општата болница во Кочани ја завршија шестнеделната обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, информираше Никола Костадинов физијатар на Одделението за Физикална терапија при Клиничка болница-Штип.

Тој истакна дека со македонските тимови работеа со сертифициран тим од доктори специјализирани за тренинг рехабилитација на пациенти со изгореници. Лекарите и медицинскиот персонал се ангажирани за рехабилитација на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Обуката беше интензивна и сакам искрено да се заблагодарам на докторот и неговиот тим за несебичното помагање во стекнување на знаење, искуство и вештини во областа на рехабилитација на изгорениците – рече Костадинов.

Тој додаде дека по добиентите сертификати, обучените лекари и медицински персонал освен што се вклучени во рехабилитација на повредените во двете болници ќе можат и тие да вршат обуки и да го пренесуваат знаењето на своите колеги. Костадинов вели и дека тимовите можат бидат ангажирани било каде во светот доколку има вакви несреќи и повредени.

Инаку на Одделението за Физикална терапија во Штип се рехабилитираат тројца пациенти кои се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, а од утре ќе им пристигнат уште неколку пациенти.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во храмот „Св. Атанасиј Велики” – Оризари, в четврток Света Литургија на која ќе чиноначалствува Митрополитoт Брегалнички Иларион

По повод престојниот празник пренесување на светите мошти на Св. Атанасиј Велики кај народот попознат како летен св. Атанас, во храмот „Св. Атанасиј“ во Оризари, в среда, 14.05.2025 год. со почеток од 17 часот ќе се Богослужи Вечерна Богослужба. На самиот празник, односно в четврток, 15.05.2025 год. ќе се Богослужи утрена со почеток од 07

Улицата „Генерал Апостолски“ се подготвува за асфалтирање

На улицата „Генерал Апостолски“, којашто ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари, продолжуваат градежните активности. Изведувачот на работите „Коле-транс инженеринг“ од Штип работи на тампонирање и подготовка за асфалтирање на коловозот и на велосипедската патека на оваа улица. Тротоарите од двете страни, со ширина од 2 м, веќе се изведени. Кракот од улицата „Генерал Апостолски“

Жителите на Тркање ја блокираа улицата што го поврзува експресниот со стариот пат. Бараат итно решение!

Денеска попладне жителите на с. Тркање го блокираа патот кој свртува од компанијата Амфенол и во непосредна близина на нивните живеалиѓта продолжува кон излезот на стариот пат  Кочани – Штип. Повеќе детали во мини репортажата на Радио Кочани подолу: