Промоција на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска-осмо издание „Процеп во процес“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Осмото по ред издание на литературно-културолошкиот концепт „Процеп во процес“, кој го иницираше и реализира Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се одржи денеска, петок 9 мај од 19.00 часот ќе се одржи со промоција на  романот „Светот што го избрав“, од Калина Малеска,  кој ја понесе престижната награда „Роман на годината“ за 2024 година.

Промоторка на романот ќе биде поетесата Лина Димоска, која на непосреден начин, со свое лично видување и непретенциозно излагање, ќе се обиде да ги воведе присутните во делото и да им го приближи истото, со цел дополнително да ги заинтригира за содржината на делото.

„Светот што го избрав“ е наративно понирање во внатрешната трасформација на главниот лик од четивото – Леона, која низ својот живот доживувала перманентна променливост на личниот идентитет поради нејзината карактерна несигурност. Таа идентитетска неконзистентност флуктуира преку нејзиниот однос и контакти како со луѓето, така и со просторот.

Комисијата од наградата „Роман на годината“, која ја доделува Фондација „Славко Јаневски“, во образложението за доделувањето на наградата на Малеска за „Светот што го избрав“ потенцираше: „Станува збор за извонреден, безвременски роман што ќе може да се чита и препрочитува во сите времиња и простори. Кус, концизен, маестрално напишан, „Светот што го избрав“ е храбро сведоштво на женскиот лик кој поминува низ сопствените, но и низ преобразбите на светот што го избираме дури откако сам ни се наметнал избор што не само не го оправдал туку со него ни нанел штета и тага“, стои во образложението на жирито.

Модератор на промоцијата е Александар Еленин.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Новогодишната ноќ најстудена, првите денови од 2026 затоплување

Последниот ден од годината и за време на дочекот на новогодишната ноќ ќе биде најстудениот ден и ноќ во изминатава 2025 та. Сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Времето и метеоролошките...

БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЗА 2026 ГОДИНА ТЕЖИ НАД 40 МИЛИОНИ ЕВРА

Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година изнесува 2.472.428.114 денари или над 40 милиони евра, што споредбено со Буџетот од минатата година е повисок за 411.061.175 денари „и е исклучително развоен“, вели градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Средства во Буџетот за капитални инвестиции како дел од 11 милиони евра за...

За празниците Јавниот градски превоз со редуциран возен ред

Автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе имаат редуциран возен ред на сите линии за време на Новогодишните и Божиќните Празници . И тоа по следниов редослед : 31.12 – Од 6.30 ч до 15.30 ч сите три линии 01.01 – Неработен ден 02.01 – Од 6.30 ч до 15.30 ч...