Прилепска Пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024 година

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепска Пиварница е едната од само две фабрики во Европа што ја добиваат платинестата награда, од вкупно 28 наградени производители на храна и пијалаци низ светот. Наградите се доделуваат во четири категории: платинеста, златна, сребрена и бронзена, и ги препознаваат најдобрите производствени капацитети на PepsiCo за извонредни резултати во областа на квалитетот и безбедноста.

„Со гордост објавуваме дека Прилепска Пиварница е добитник на највисокото признание од PepsiCo – BEVERAGES Caleb Bradham Quality & Food Safety Excellence Award for 2024, платинеста награда за извонредност во категоријата „Пијалаци“. Ова престижно признание ја потврдува нашата посветеност кон врвниот квалитет, безбедноста на храната и на пијалаците, како и постојаното подобрување на производствените процеси,“ посочуваат од Прилепска Пиварница.

Платинестата награда им се доделува на најдобрите од најдобрите, одбрани меѓу златните добитници според строги критериуми, какви што се: AIB International оцена над 925, перформанси на квалитетот и безбедноста на храната и на пијалаците над 98%, без повлекувања или поплаки од потрошувачи.

„Оваа награда е уште една потврда за посветеноста и стручноста на нашиот тим. Горди сме што ја носиме платинестата награда во Македонија и ќе продолжиме да бидеме препознатлив пример за извонредност и на европско и на глобално ниво“ – изјави  Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор.

Дополнително, Прилепска Пиварница се истакна со континуирано подобрување на процесите, најдобри перформанси во контролата на параметрите од 3C (capability, control, consumer) платформата и перформансот според AIB, намалување дефекти поврзани со изгледот на пакувањата, како и со спроведување иницијативи за одржливост, заштита на животната средина и социјална одговорност.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЏК Сеишин – Прилеп со 12 медали на џудо турнирот „Скопје Опен 2026“

На Меѓународниот џудо турнир „Скопје Опен 2026“ за деца, помлади пионери и кадети, во организација на џудо клубовите Ипон и Карпош Џудо Мастер од Скопје, ЏК Сеишин – Прилеп настапи во сите возрасни категории и ги “собра’ медалите  – вкупно 12 медали: 8 златн 2 сребрени и  2 бронзени медали....

ФК Големо Коњари изигра чесно и пожртвувано во ВМФЛ, но се враќа во Третата фудбалска лига

Фудбалскиот клуб Големо Коњари го одигра последниот домашен натпревар во Втората македонска фудбалска лига и ја завршија сезоната на последното место на табелата. Идната сезона ФК Големо Коњари ќе се натправаурва  во Третата македонска лига,  онаму од кај што и дојде минатата сезона. Но, од клубот велат дека оваа не...

(ВИДЕО)Прилепската болница се модернизира со уште два апарати

Во Општата болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп од денеска ставени во функција два нови софистицирани апарати, со кои ќе се подобри дијагностиката во два сегменти: дигитализација на рентен снимањето и кабинет за видео ЕЕГ, во рамките на детското одделение. Новиот дигитален рентген апарат е еден од најсовремените во...