Во Прилеп кај Вештачкото езеро како и на 500 други локации низ Македонија се спроведе акцијата „Генералка викенд“. Учествуваа доброволци, ученици од основните училишта, од јавните комунални претпријатија во чистење на отпадот во околината на езерото во Прилеп.
Собраниот отпад е главно резултат од првомајските излети, а беа исчистени и неколку диви депонии во пошироката околина на Прилеп, во координација со Општина Прилеп и со ангажман на повеќе општествено одговорни компании .
Како дополнителна мотивација, за секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделство и Национални шуми ќе обезбедат по едно дрвце кое ќе биде засадено во наредниот период.
Генералното чистење во Прилеп се спроведува по четврти пат.