Кочански училишта му должат на КЈП „Водовод“ 10,5 милиони денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Средните и три основни кочански училишта направиле долг од неплатени сметки кон КЈП „Водовод“ во вкупен износ од 10.516.138 денари.

Ова е констатирано при увидот на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски во работата на КЈП „Водовод“, односно при утврдувањето на најголемите должници од редот на правните субјекти.

Највисок долг има ОУ „Никола Карев“ – 5.631.534 ден., а по него се двете средни училишта, „Гошо Викентиев“, кое должи 1.851.584 ден. и „Љупчо Сантов“, кое е со долг од 1.265.163 ден. ОУ „Раде Кратовче“ има неплатени сметки во износ од 950.838 ден., а ОУ „Св. Кирил и Методиј“ му должи на „Водовод“ 817.019 ден.

Основните училишта „Малина Попиванова“, „Крсте Петков Мисирков“, ОМУ „Ристо Јуруков“, како и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ немаат долгови за вода.

–  Ова се милионски долгови коишто се толерирани долго време. Срамно е КЈП „Водовод“ да ги дава на извршител граѓаните со долг од по 3-4 илјади денари, а да не постапува соодветно кон правните субјекти што се должници. Наредниов период ќе излеземе со целосен список на сите должници кон „Водовод“. Целта е сите пари да се приберат за да се направи функционално кочанското комунално претпријатие, затоа што  токму ненаплатените приходи го довеле до загуба и блокада – истакнува в. д. градоначалникот на Општина Кочани.

Крстевски најави финансиска ревизија на КЈП „Водовод“, со која точно ќе го дефинира долгот на претпријатието, кој неофицијално е над 4 милиони евра.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Радио Кочани за големата трагедија – Една година потоа… (ексклузивни снимки од 16.03.2025 г.)

Се случи пред точно една година. Беше вообичаена саботна вечер, 15-ти март. Ништо, ама баш ништо не наговестуваше дека за само неколку часа ќе се сврти светот наопаку и дека Кочани ќе ја доживее најголемата катастрофа во своето постоење. Сè започна и заврши помеѓу 2 и 3 часот наутро.  На 16-ти март. Забрзани возила, некои

Од хуманитарната изложба „Трага во бесконечноста“ собрани 240 000 денари, средствата веќе се поделени

Од хуманитарната донаторска групна ликвна изложба „Трага во бесконечноста“  посветена на Сара Јорданова, средношколка,  една од 63 – те жртви во трагедијата што се случи на 16 март минатат година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, собрани се вкупно 240 000 денари. Средствата на четири еднакви дела се поделени на три деца без родители од Кочани