Специјализантите полагаа тест за вработување во Клиничка болница-Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Започна процесот на решавање на недостигот од специјализанти во Клиничката болница Битола, општата болница со проширена дејност Прилеп, и општите болници Охрид и Кичево. Денеска 34 специјализанти во Битола полагаа тест за вработување.Тестирањето на приватни специјализанти се одвиваше на Техничкиот факултет во Битола.

Според Клековски, со денешната активност на долг рок се очекува покривање на специјалност кои недостигаат во здравствените установи во југозападниот регион на државата.

-Денешната активност е почеток и придонес за решавање на недостигот од човечки ресурси во болниците во овој дел од земјата и се надеваме дека ќе продолжиме со следната група специјализанти. Знаеме дека најголем дел од болниците во овој регион функционираат со намален број на лекари и ова е првиот чекор за решавање на проблемот. На долг рок очекуваме покривање на дел од специјалности кои ги нема затоа што во моментов нема доволно специјалисти. Со новите ресурси ќе се зголеми бројот во оддели каде што состојбата е критична во однос на потребни специјалисти за задржување на дејноста, истакна Клековски.

На прес конференција во Битола, проф. д-р Игор Николов, советник за здравство во Владата потврди дека вработувањето на млади специјализанти во здравствениот систем е државен императив.

Вработување на приватните специјализанти е приоритет за нас. Со овие вработувања ние ги задржуваме младите лекари во земјава, но и во системот бидејќи нашата намера е да бидат задржани во јавното здравство и да работат во системот. На младите лекари, на младите здравствени работници е иднината на целиот здравствени систем. Без здрави млади здравствени работници, особено специјализанти кои што сакаат да се едуцираат и сами се финансираат, не можеме да градиме сериозен и планиран здравствен систем, истакна Николов.

Извор: 4news.mk

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Голем интерес за упис во средно стручно образование во Прилеп

Заврши првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваа електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а денеска и утре, потребната документација се доставува во училиштата каде учениците конкурирале.  Прелиминарно, најголем интерес има за медицинските струки. Радио Пела посети дел од средните стручни училишта...

Ристески: Младите се во фокусот на Оперативниот план за вработување 2026 та

Оперативниот план за вработување за 2026 година обезбедува речиси 40 милиони евра. Околу 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка. Младите и годинава се во фокусот со поддршка до 10 илјади евра за отворање на сопствени бизниси, можности за здружување и...

Шалтерски работник во прилепската болница од туѓа дебитна картичка украл над 90.000 денари

Шалтерски работник во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна картичка од друго лице и од неа за време од 4 месеци украл над 90 000 денари: