По протестите-скратен е рокот за реконструкција на двата моста од регионалниот пат Прилеп- Крушево

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Се скратува временскиот период за реконструкција на двата моста на регионалниот пат кон Крушево кај селото Врбјани.  На денешниот состанок по барање на градоначалникот на општина Кривогаштани Никола Мискоски, со претставници од изведувачот Стентон Градба, надзорот и претставници од Јавното претпријатие за државни патишта е договорено градежните работи на два двата моста да завршат до 25 ти мај, наместо неколку месеци како што било предвидено. До тогаш сообраќајот на овој регионален пат ќе се одвива по локалната патна мрежа која ги поврзува селата Кадино село, Галичани, Боротино со Кривогаштани.

Од утре, четврток, 8 ми мај од 12 часот регионалниот пат се затвора за сообраќај во двата правци. На денешната средба по дводневните протести се изнајде заедничко решение со кое изведувачот Стентон градба треба да заврши со градежните работи на двата моста до 25 мај. Веќе од утре екипи на изведувачот ќе го тампонираат алтернативниот пат од Галичани до Кривогаштани со цел побезбедно одвивање на сообраќајот по таа алтернативна локална патна мрежа, рече Никола Мискоски, градоначалник на општина Кривогаштани.

Жителите на селата од општините Кривогаштани, Крушево и Прилеп кои секојдневно патуваат на овој патен правец подолго време трпат штети од долготрајните градежни работи кои започнаа минатата година. Без привремен алтернативен пат над 10 илјади граѓани не можат да ги обавуваат секодневните обврски, а за патување по постоечката локална патна мрежа во ризик е ставена нивната безбедност бидејќи станува збор за тесни и руинирани патишта.

Градежните зафати на мостовите меѓу селата Врбјани и Кривогаштани според планираното опфаќаат поставување на бетонски плочи и заврстување на „трупот“ од регионалниот пат кој што понира.

Реконструкцијата на дел од патната делница Прилеп-Крушево започна во јуни минатата година. Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со Стентон Градба „Санација на трупот на патот на Р1306, делница Прилеп – Крушево (Кај Славеј) во април 2024. Периодот кој што е предвиден за санација на овој регионален пат е според договорот е 36 месеци. Вредноста на склучениот договор со ДДВ е 88.498.657 денари или 1 439 000 евра.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Сестрата му вперила пушка во главата на братoт, полицијата го приведе родителот

По објавената снимка на сооцијалните мрежи на која се гледа како 15-годишно девојче вперува ловечка пушка во главата на 11-годишниот брат, интервенираше Полицијата интервенираше во крушевското село Јакреново. Од МВР известуваат дека од родителот било одземено огненото оружје и дозволата за негово поседување.

(ВИДЕО-ФОТО)Проданоски: Не може Комуналец да има 69 илјади вработени за да чистат по секој жител на општината

На 20тина локации во градот и во околината денеска Прилеп во голема еколошка акција за почиста и здрава животна средина. Над илјада граѓани доброволно вклучени на терен во организација на Општина Прилеп и ЈКП Комуналец. – Во догледно време каде што се чисти треба да никнат и паркови. Тоа е...

(Видео) Младите заминаа со насмевки, а дрворедите со нов сјај – Прилеп чисти!

Во рамките на еко акцијата во организација на Општина Прилеп, насловена „Еко мисија, твојот потпис за природата“ активно се вклучија, младите, учениците од средните училишта,  најмладите од детските градинки заедно со нивните воспитувачи и родители во бојадисувањето на стеблата на дрворедите и дрвајата во парковските површини во градот. Додека возрасните...