Во спомен домот на Конески, Небрегово, одбележани три јубилеи

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во организација на НУ Завод и Музеј Прилеп со интерактивна манифестација денеска во Спомен домот на Блаже Конески во Небрегово беа одбележани три јубилеи: 80 години на македонска азбука, 20 години Спомен дом Блаже Конески и јубилејот 70 години Завод и Музеј Прилеп. Манифестацијата ја пренесе идејата за реалниот лик на Конески, со емотивно запознавање со неговите детски и ученички денови, доловена низ креативни, размислувачки игри и перформанси за најзначајните достигнувања во творештвото на Конески. Учество зедоа ученици и ментори од ООУ „Блаже Конески“- Прилеп, хорот при училиштето, а присутните ги поздравија Мимоза Христоска, директорка на НУ Завод и музеј – Прилеп, Мартина Пројческа, директорка на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

„Македонскиот јазик е наш темел, наш завет и наш патоказ. Тој е живо сведоштво за нашата историја, култура и идентитет. Наша заедничка обврска е да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации. Во духот на мислата на Конески: „Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, ќе ја имаме и татковината“, меѓу другото посочи градоначалникот Борче Јовчески, кој присуствуваше на манифестацијата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Бадниковите и божиќните обичаи членките од Преродба ги негуваат 20 години

Рано утрово, коледарчиња први го навестија раѓањето на Исус Христос и го означија денешниот празник Бадник. Со стапчиња/коледарчиња во раце, од куќа во куќа, пеејќи ја песната „Коледица, варварица“, коледарчињата ги посетуваа домаќините од кои добиваа подароци: јаболчиња, круши, костенчиња, слатки, оревчиња, парички, како благодарност за благата вест. Според Јулијанскиот...

Прилеп ќе добие опрема за комунален отпад како дел од регионалната депонија

Како дел од регионалната депонија, преставниците од Прилеп, од ЈКП “Комуналец“  и градоначалникот на Прилеп, беа дел од промотивниот настан – опрема за своремено и одржливо управување со отпад. Со оваа опрема се подготвува нов систем за функционирање на идната регионална депонија и центар за управување со отпад во Новаци,...

Бадникови поворки во Прилеп „Со Божиќната радост, срца да стоплиме“

Радоста за христовото раѓање и годинава ќе ја најават Бадниковите поворки во многу градови и во Прилеп. Генералната проба се одржа денеска во Цепенков и пред камената бина на плоштадот Александрија од каде утре, вторник, 6 ти јануари ќе тргне поворката од над 300 деца кои во рацете држат „златна...