Пошумување во с. Мало Рувци – Ученици од “Кочо Рацин“- Прилеп засадија 2.500 садници

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Наставници и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, со помош на ЈП „Национални шуми“, реализираа еко-акција за пошумување на опожарената површина во атарот на село Мало Рувци. Тие засадиија 2.500 садници од црн бор, багрем, јасен и леска, автохтони дрвца и веруваат дека со оваа акција ќе ја разеленат оваа површина, која беше неодмна опожарена  „Ова е нашата заедничка заложба за поздрава животна средина “ посочија учениците .

Минатата година оваа локација беше опожарена и претрпи голема штета од шумските пожари. Во август, бројни шумски пожари излегоа надвор од контрола низ целата земја. Само во Мариово од пожар биле зафатени 11.000 хектари шума, информираа од Европскиот информативен систем за шумски пожари.

Инаку, во еко акцијата се вклучи и градоначалникот на Прилеп, кој изјави:

„Голема благодарност до младите еко-херои, наставниот кадар, родителите и целата бизнис заедница за нивната поддршка. Ваков ангажман е доказ дека и најмалото дело може да направи голема промена.“ напиоша на ФБ профилот градоначалникот н аПрилеп кои присуствуваше на еко акцијата.

Сезоната на пожари во 2024 година сериозно ја зафати Македонија. Од почетокот на летото  изгореле повеќе од 85.000 хектари.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО + ФОТО) Бутик МОNО нова модна дестинација со префинете естетски паричиња за сите

Новоотворениот бутик МОNО – во Прилеп, прекрaсно дизајниран и впечатлив, со локција – прилепекси плоштад, наспрот споменикот Крали Марко, ќе мора задолжително да го посетите ако  барате, за Вас и за Вашето семејство колекции со јасно изразен естетски потпис и за различни пригоди. Без разлика дали станува збор за минималистички...

Гајдата и кавалот засвирија во Прилеп – започна 52 Фестивал на народни инструменти и песни  „Пеце Атанасовски”

Синоќа во Прилеп гајдата и кавалот го означија почетокот на 52 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни  „Пеце Атанасовски”, единствен фестивал во Македонија кој го негува македонскиот изворен фолклор. Фестивал, го отвори градоначлнико на Прилеп,  Дејан Проданоски, кој наласи дека преку пет децениското постоење, фестивалот сам по себе...

Прилеп триумфира против РК Пролет на последниот натпревар од сезоната на домашен терен

Ракометарите на Прилеп на последниот натпревар од Ракометната машка Супер Лига, пред домашната публика, реализира уште една значајна победа против РК “Пролет 62“ со 29:27. Ова беше натпревар исполнет со борбеност, емоции и одлична колективна игра, која накрајот триумфираше и создаде огромна радост кај прилепчани. Прилеп уште во првото полувреме...