В. д. градоначалникот Венко Крстевски се вклучи во комуналните екипи за средување на Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Вработени во Комунална хигиена и Паркови и зеленило во КЈП „Водовод“, Празникот на трудот, 1 Мај го поминаа работно, расчистувајќи ги јавните површини од отпад и уредувајќи ги зелените делови по текот на Кочанска Река.
Со нив беше и в. д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски, кој лично помагаше во одржувањето на јавната чистота истакнувајќи дека Кочани мора да го врати ликот на чисто и урбано место.
Градот мора да го средиме, само вредно и со постојана работа ќе успееме да направиме промени. Во Кочани веќе нема место за неработници, нема боја, нема страна и најбитно од сѐ нема партиска машинерија што ги штити. Времето на злоупотреба е завршено – истакнува в. д. градоначалникот.
Од самото стапување на функцијата вршител на должноста градоначалник, Крстевски успеа да го поттикне и граѓанскиот активизам со вклучување на поголеми групи граѓани што ја средуваат непосредната околина во микрозаедницата каде што припаѓаат.
Пример за тоа беа жители на Белското Маало коишто го доведоа до состојба на користење обраснатото во трева и напуштено детско игралиште и го собраа расфрланиот отпад од околината.
Следејќи го нивниот пример, граѓани од различни локации најавуваат поддршка на акцијата за комунално уредување на Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од