В.д градоначалникот Крстевски им даде 30 дена период на угостителите да ги прилагодат летните тераси според законските прописи – Во спротива насилно рушење на објектите

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, во Венчалната сала на Општина Кочани, в. д. Градоначалникот Венко Крстевски  одржа работна средба со корисниците на јавни површини во Кочани.

На средбата присуствуваа инспекциските и комуналните служби во Општината, како и претставници од ТППЕ – Кочани и инспектори од Струмица.

На состанокот на сопствениците на угостителските објекти им беше речено дека во најкус можен рок ќе се објави тендерска постапка за фирма која ќе ги отстрани нелегално изградените објекти.

Од наша страна ќе им дадеме 30 дена период за кој корисниците на јавните површини треба да ги отстранат или прилагодат објектите според соодветните одобренија, а ако не ги отстранат ќе дојде до насилно рушење што ќе претставува дополнителен трошок за нив посочи Крстевски.

Исто така, на средбата угостителите кажаа дека повеќе години работат на овој принцип  затоа што некој така им дозволил тоа да го прават, а редовно ги подмируваме сите давачки кон државта, но и Општината.

Целта на отстранувањето на нелегалните работи е да им се олесни пристапот на протипожарната служба, како и на амбулантата и полицијата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од