Реакција од Здружението на општински градежни инспектори на РМ за непрофесионално и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во врска со информациите изнесени во јавноста и точното интерпретирање на законите во дел од медиумите за наводна неактивност на општински градежен инспектор при Општина Кочани во предмет поврзан со објектот во кој се вршела угостителска дејност (т.н. Дискотека ПУЛС), Здружението на општински градежни инспектори на РСМ, сака да реагира изразувајќи сериозна загриженост заради непрофесионалното и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори.

Од Здружението на градежни инспектори на Република Северна Македонија

Најпрво изразуваме длабоко жалење за трагичниот настан што ја потресе целата македонска јавности, воедно изразувајќи сочуство до роднините на починатите и посакуваме што побрзо оздравување на тешко повредените. Исто така, ова здружение максимално ќе се помага и ќе се заложува да се откријат вистинските виновници за немилиот настан.

Во врска со информациите изнесени во јавноста и точното интерпретирање на законите во дел од медиумите за наводна неактивност на општински градежен инспектор при Општина Кочани во предмет поврзан со објектот во кој се вршела угостителска дејност (т.н. Дискотека ПУЛС), Здружението на општински градежни инспектори на РСМ, сака да реагира изразувајќи сериозна загриженост заради непрофесионалното и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори.

Согласно Законот за градење, општинскиот градежен инспектор постапува исклучиво во делот на изградба, одржување, реконструкција, адаптација, доградба и надградба, како и уривање на објекти изградени без одобрение или спротивно на одобрението за градење. Надлежноста на градежниот инспектор е ограничена на урбанистичко-техничките аспекти на градбата, а не на деловната активност што евентуално се врши во објектот.

Во однос на пренамена на објекти во функционална смисла, односно вршење дејност различна од онаа за која е издадено одобрението за градење, градежниот инспектор нема овластувања да ја оценува законитоста на дејноста што се врши во објектот, туку таа надлежност припаѓа на други надлежни инспекторати Државен пазарен инспекторат, инспекторат за угостителска дејност и други согласно закон.

Согласно Законот за инспекциски надзор, градежниот инспектор постапува по службена должност или по претставка, но само во рамките на неговите јасно определени законски надлежности. Не постои законска основа по која градежен инспектор би можел или смеел да врши надзор врз тоа дали објектот поседува дозвола за вршење угостителска дејност, дали е обезбедена заштита од пожар за таква дејност, или дали се исполнети условите за работа како кабаре бар.

Во тој контекст, секоја обвинувачка конструкција насочена кон градежен инспектор дека не спречил или не го затворил угостителски објект, надвор  неговата надлежност, претставува грубо непознавање или свесно игнорирање на правната рамка, со што се загрозува угледот и интегритетот на инспекциската професија.

Здружението ќе ги информира сите надлежни институции и медиуми за овие факти и ќе побара итно повлекување на неоснованите тврдења што претставуваат напад врз стручниот и законски заснован инспекциски систем во државата.

Претседател на Здружението на  градежни инспектори на Република Северна Македонија 
Златко Бојаџиев дипл.град.инж.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од