Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти повредени во пожарот во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Пет пациенти од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, информираат од Министерството за здравство.

 

Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, со што во странските медицински центри остануваат на лекување 38 пациенти.

 

-Во земјава во моментот се лекуваат седум пациенти, од кои во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ се хоспитализирани вкупно 4 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија еден пациент, а во приватната болница Систина двајца пациенти, се наведува во соопштението.

Од Министерството за здравство велат дека континуирано ја следат состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Утревечер во „Бели мугри“ – „БУЧАВА ШТО СОЗДАВА ИДЕНТИТЕТ“ – ретроспективна изложба на Тошо Филиповски

На 21 ноември (петок), во 19:30 часот, во просториите на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, ќе биде отворена ретроспективната изложба насловена „Бучава што создава идентитет“, посветена на 60 години македонска рок култура, музика и поезија (1963–2023). – Изложбата претставува визуелна и документарна приказна за развојот на македонската рок сцена, преку внимателно одбрани фотографии од

Иван Богданов именуван за в.д. директор на ОУ „Климент Охридски“ – Облешево

Иван Богданов е назначен за нов вршител на должност директор на Основното училиште „Климент Охридски“ во Облешево. Богданов, кој речиси десет години работи како професор по музичко образование во оваа образовна установа, доаѓа на местото на досегашниот директор Јорданче Костадинов, кој неодамна стапи на функцијата градоначалник на општината. Назначувањето е извршено минатата недела. Од училиштето

Саити: Околку 11 милиони денари на сметката на Црвениот крст за настраданите во пожарот во „Пулс“

Сѐ уште формално е активна сметката на Црвениот крст за донации за семејствата на настрадните во Кочани и во моментов на сметката има околку 11 милиони денари, изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити. Саити појасни дека поголеми приливи на сметката не се случуваат. Тоа што го направивме како Црвен крст ги