ЈЗУ Општа болница – Демант на објава од 20.04.2025 г. од в.д. Градоначалник Венко Крстевски

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Во врска со обвинувањата на социјалните мрежи од страна на в.д. градоначалникот Венко Крстевски, каде што, тој истиот го обвинува раководството и менаџерскиот тим на ЈЗУ,,Општа болница со проширена дејност ” – Кочани, дека е исплатена помала плата поради користење на боледување на вработени, ја доставуваме оваа информација:
На боледување меѓу другите, лекари, медицински сестри – техничари и останат медицински персонал, вкупно на број за месец Март – 48 луѓе по повеќе основи, е постапено согласно исплаќањето по Колективен договор и Закон за работни односи. Имено, кај сите оние вработени кои користеле боледувања – професионално заболување и повреда на работно место (Еден лекар и една медицинска сестра) е исплатена целосно според сите регулативи а кај останатите – се исплатени согласно Колективниот договор и Законот за работни односи.

 

ЈЗУ,,ОБПД” – Кочани

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците