Сензационален театар без глума: кочанските гимназијалци го поплавија МНТ со аплаузи и солзи!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 14 април 2025 година средношколците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани гостуваа на изведбата на театарската претстава „Бог на колежот“ во изведба на Македонскиот народен театар – Скопје.

Претставата имаше свој закажан термин на репертоарот пред трагичниот настан во Кочани, за кој кочанските гимназијалци веќе имаа резервирано билети. Овој пат, МНТ се огласија со отворен апел и покана средношколците од СОУ „Љупчо Сантов“ да присуствуваат на истата претстава со нов термин.

Гестот на огромна поддршка тие го истакнаа со тоа што претставата беше поставена само за нашето училиште и беше од затворен тип. Изразуваме посебна благодарност до директорот на МНТ, г. Никола Кимовски, до режисерот на претставата, г-ѓа Весна Петрушевска-Бејби, и до лицето одговорно за односи со јавноста, г-ѓа Сандра Стојмирова, кои подготвија посебна атмосфера за пречек на нашето училиште во фоајето на театарот. Нашиот директор, г. Љубомир Гацов, со дел од организацискиот тим на училиштето се заблагодарија за целокупната организација, при што во знак на долгогодишната соработка меѓу двете институции, на директорот на МНТ му беше врачена специјално изработена статуетка по тој повод.

Кочанската гимназија, во состав од 420 ученици, придружени од директорот и дел од професорскиот кадар, проследија беспрекорна театарска игра со одлична порака изнесена низ драмското сценарио. На завршниот момент, публиката бурно ги поздрави актерите Ѓорѓи Јолевски, Благој Веселинов, Наталија Теодосиева и Дарја Ризова. Аплаузите не стивнуваа. Емоциите надојдоа како нов бран кога средношколците изнесоа транспарент на сцената на кој пишуваше „КОЧАНИ“. Аплаузите се поклопија со солзите. Актерите не можеа да одлумат цврстина – солзите не се криеја. „Во мојата кариера не сум имал потешка претстава за глумење“, истакна актерот Веселинов, кој е роден кочанчанец. Целата сала имаше иста воздишка. Актерите и режисерката останаа на сцена извесно време и одговараа на прашања поставувани од нашите ученици. Кочанските средношколци и МНТ беа сплотени во најголемиот упатен гест до трагично настраданите лица во Кочани. Упатија порака дека животот е она што сме, а театарот е она што би можеле да бидеме.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од