Семејствата на починатите од пожарот во „Пулс“ – Нашите ангели не дочекаа Велигден,не оставивте со празни кревети и крвави срца, ќе излегуваме додека има воздух во нас

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На Велигден сум се заљубил! Има една таква песна…Велигден е тука, но нашите деца ги нема…..Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја… Некои биле заљубени, некои  требаше да се заљубат, некои од нив имаа и сопруги и сопрузи и мали дечиња и штотику родени дечиња…Кој сега ќе се радува на нив?  Некои од децата не  дочекаа полнолетство, некои не дочекаа  матура, некои требаше да дипломираат и да станат академски граѓани кои ќе работат чесно како што ги учеле нивните семејства…

Не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, какво е чувството да знаеш дека детето никогаш повеќе нема да се врати дома, да ги видиш неговите убави очи, неговата убава насмевка, да го слушнеш како се смее , да дочекаш уште еден Велигден со него…Еве ќе ви кажеме, живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца, да им раскажеме колку тие фалат дома …

Ќе се навршат уште малку 40 дена, 40 црни денови без нашите сонца, без нашите анѓели чии кревети од тој ден останаа празни, а нашите срца и души засекогаш завиени во црнило…

Времето поминува, но правдата како што се чини нема изгледи дека ќе излезе на виделина…

Зарем немате ни малку човечност во вашите души???

Зарем толку сте ефтини што со пари се купувате???Ееееј вие убијци на нашите деца!!!

Зарем нашите невини деца требаше да ја платат цената на вашата алчност и корумпираност? Со нивните штотуку расцветани животи? Вие сте дно на дното!!! Никој од нас не растел дете да стане херој, туку да стане човек… Вие ги убивте нашите деца!!! Ееее убијци, многу од вас се исто толку виновни како и сопственикот на Пулс-монструм, почнувајќи од премиер, министри, разно- разни инспектори, па се до обичните полицајци, сите сте гледале, ама не сте виделе ништо!!! При очи сте биле слепи!!!  Срамота!!! Бедни сте, ситни души кои за проклети пари на душа ќе ги носите нашите убиени и многу повредени деца! На душа…само што вие душа немате…

Затоа Ви кажуваме, дека ние родителите и блиските на нашите починати чеда, ќе продолжиме да излегуваме и понатаму, секоја сабота…и се надеваме дека на крај нема да останеме единствено само ние, доколку на нашите сограѓани им досади да не следат нас, кои ја бараме правдата за нашите убиени чеда …Но ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава дека сме тука и до наш последен здив ќе ја бараме правдата за сите починати и повредените на 16.март , бидејќи ние си ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што злоупотребил својата функција  за пари, за корист за личен бенефит…….

Правдата мора да излезе на виделина!

Нашите безгрешни деца мора да бидат осветени!

Ние родителите, нема да дозволиме виновниците да останат неказнети!!!!!!!!

Нашите деца ги нема повеќе, но можеби поради нашиот бунт кон овој трул државен систем ќе се смени нешто,  па идните генерации ќе имаат побезбедна иднина од нашите деца.

Вечна Ви слава АНЃЕЛИ, утре наместо да кршиме јајца дома како секоја година претходно, ке ви донесеме јајца на  Вашите вечни почивалишта!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Даријан Павлен – Спортист на годината за 2025 година – Извршен изборот на најдобрите спортисти за минатата година

Општина Кочани и Асоцијацијата на новинари од Кочани го реализираа изборот на најдобрите спортисти за изминатата година. За Спортист на годината за 2025 година е избран Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб „Спартак“. Второпласиран е Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а на третото место се најде каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“. Во

Подобрување на водоснабдувањето и намалување на трошоците за струја – цели за поквалитетни услуги од КЈП „Водовод“

Подобрување на водоснабдувањето и намалување на трошоците за струја – цели за поквалитетни услуги од КЈП „Водовод“   Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, денеска изврши увид во тековните активности за чистење на бунарите во Грдовски Орман, од каде што се обезбедува водата за пиење што ја дистрибуира КЈП „Водовод“ и оствари средби со раководни

Меѓународен турнир во карате „63 Ангели“ – во чест на жртвите од пожарот во Кочани

Карате клубот „Партизан“ од Кочани иницира организирање на меѓународен турнир во карате, во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани. По тој повод, денеска претставници на клубот остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој изрази целосна поддршка за иницијативата. Според првичните најави, меѓународниот