Утре со почеток во 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи третиот протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 беа повредени.
Маршот ќе започне од Паркот на Револуцијата, потоа ќе се движат кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани.
На маршот може да се приклучат сите граѓани кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните. Маршот е единствено организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани, не е за поддршка на обезбедувањето и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат маршот и неговата реализација, истакнаа во писменото соопштение.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.