СОУ „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник – в. д. градоначалникот иницира постапка за воведување општински стипендии во машинската струка

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Кочанското техничкото училиште „Гошо Викентиев“ симболично го одбележа патрониот  празник.

По повод 105 години од раѓањето и 81 година од смртта на Викентиев, в. д.  градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски и општинска,  училишна и делегација од семејството Викентиеви положија свежо цвеќе пред бистата на училишниот двор.

На патрониот празник, беа прогласени најуспешните ученици. Ученик на генерацијата 2021 – 2025 е Драган Хаџи Василев, кој воедно е и најуспешниот во електротехничката струка. Од машинската струка, за ученик на генерацијата е прогласен Илија Охoмуш, а од сообраќајната струка – Мартина Митева.

Најуспешните ученици  добија парични награди и од Фондацијата „Викентиев“.

По средбата со раководните служби во СОУ „Гошо Викентиев“,  градоначалникот Венко Крстевски најави иницирање постапка за воведување општински стипендии за учениците што ќе се запишат во машинската струка во ова училиште. Иницијативата произлегува од намалениот интерес за изучување на насоките од секторот машинство, наспроти зголемените потреби од ваков кадар на пазарот на трудот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците