background

ООУ „Крсте Петков Мисирков“ : Велигденски натпреварувачки игри по повод празникот Велигден

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Шарени, убави велигденски јајца украсија учениците од прво до петто одделение од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ в пресрет на најголемиот христијански празник Велигден.

Во училишниот двор тие сликаа велигденски јајца со темперни бои, а ги украсуваа со разни велигденски украси. Освен украсување јајца, во школскиот двор се одиграа и велигденски натпреварувачки игри.

Учениците од прво до петто одделение се натпреваруваа во различни интересни игри како пронајди го јајцето, пренесување јајце во лажица со препреки, избор на најубаво велигденско јајце и слично.

Освен игрите, учениците од второ одделение цртаа и цртежи кошничка со велигденски јајца, а рецитираа и песнички за празникот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Распродажба на индустриски машини за шиење за домашна употреба…

Распродажба на индустриски машини за шиење за домашна употреба по цена од 100 евра. Во кругот на „Дени Милк“ спроти хотелот „Амор“. Телефонски број 071/411-511 Продажбата ќе се одвива во петок (09.05) и сабота (10.05)  

КИККОМ Кочани – Вработуваме виљушкарист…

КИККОМ Кочани за потребите на фирмата вработува виљушкарист – багерист со искуство. Заинтересираните можат да ги добијат сите информации на телефоните: 070 309 762 и 070 213  088 или во просториите на фирмата на улицата „Индустриска“, бб, Кочани