УЈП – НЕПРЕЧЕНО ТЕЧЕ ПОДНЕСУВАЊЕТО НА МПИН ПРЕСМЕТКИТЕ, КАКО СЕ ОБРАБОТУВААТ, ТАКА СЕ ИСПРАЌААТ КОДОВИТЕ ДО ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март. Од нив, 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата. До крајниот законски рок – утре, четврток до полноќ, се очекува уште 5.000 даночни обврзници да поднесат пресметки за плата за месец март.

Управата за јавни приходи е во постојана и активна комуникација со даночните обврзници и сметководителите со цел да обезбеди навремено и успешно постапување по сите барања за реиздавање на кодови за идентификација потребни при поднесувањето на МПИН пресметките.

Имајќи ја предвид обемноста на процесот,Управата за јавни приходи формираше тимови кои посветено работат за да го олеснат целокупниот процес. Особен акцент е ставен на даночните обврзници кои немаа поднесено МПИН пресметки. Кон овие даночни обврзници Управата за јавни приходи испрати и персонализирани пораки и оствари телефонски контакти со цел тие да добијат дополнителна поддршка и навремено да ги исполнат своите обврски.

Потсетуваме даночните обврзници да направат проверка на своите профили на системот „е-Даночни услуги“ и да ги преземат кодовите кои веќе се изработени и се поставени на профилите, а апелираме даночните обврзници кои сè уште немаат поднесено барање за издавање на код за идентификација тоа да го направат преку „е-Даночни услуги“.

Како професионална институција која ги следи потребите на даночните обврзници, Управата за јавни приходи изготви видео-корисничко упатство (види линк https://youtu.be/dgra2ULgvgI). Упатството е визуелен водич кој ги објаснува сите чекори потребни за навремено подигнување и инсталирање на кодот за идентификација со кој ќе може да се поднесат пресметките за плата за месец март.

Даночните обврзници кои имаат потреба од поддршка при процесот за инсталирање на кодовите да се обратат на контакт лицата назначени од Управата за јавни приходи.

Приоритетната цел на Управата за јавни приходи е да обезбеди професионална, навремена и квалитетна услуга за даночните обврзници, со што ќе им го олесни процесот и ќе ги води низ него чекор по чекор.

Со почит,
Управа за јавни приходи

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од