Oтворена изложбата „Ајде да си зборуваме за растенијата“ од Елена Димоска Николоска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пред многубројната прилепска публика, синоќа, во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Ајде да си зборуваме за растенијата“ од ликовната уметница Елена Димоска Николоска.

Станува збор за уметнички фотографии, кои имаат цел да ја прикажат моќта на природата, односно на растенијата во споредба со човечката негрижа за просторот околу себе. На крајот на краиштата, она што човекот го напушта и го остава, природата го освојува, односно повторно го зема во своите закрила.

-Проектот ја истакнува дијаметралната спротивност помеѓу човечкото занемарување и упорната способност на природата да ја пополни празнината.Покрај илустрирањето на човечкото занемарување, проектот покажува како природата наоѓа начин да даде цел на напуштени места, трансфирмирајќи ги во живописни градини и шуми – рече уметницата Елена Димоска Николоска.

Ова е прва самостојна изложба на авторката, а се реалзира во рамки на годишната програма на Центарот, поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Ф.Д.

Фото: НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Голем интерес за упис во средно стручно образование во Прилеп

Заврши првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваа електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а денеска и утре, потребната документација се доставува во училиштата каде учениците конкурирале.  Прелиминарно, најголем интерес има за медицинските струки. Радио Пела посети дел од средните стручни училишта...

Ристески: Младите се во фокусот на Оперативниот план за вработување 2026 та

Оперативниот план за вработување за 2026 година обезбедува речиси 40 милиони евра. Околу 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка. Младите и годинава се во фокусот со поддршка до 10 илјади евра за отворање на сопствени бизниси, можности за здружување и...

Шалтерски работник во прилепската болница од туѓа дебитна картичка украл над 90.000 денари

Шалтерски работник во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна картичка од друго лице и од неа за време од 4 месеци украл над 90 000 денари: