На 02.12.2025 околу 07:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на 01.12.2025 во 21:30 часот на експресниот пат Штип-Кочани, патничко возило „форд фиеста“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Л.(34) од Кочани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип, соопштија од полцијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









