На 07.02.2026 во 22:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.С.(22) од с.Тркање, кочанско.
При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По добиенa насока од јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









