📸Карванот на Витаминка продолжува низ целата држава

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Караванот на Витаминка кој што учи на другарство, емпатија и почит од февруари продолжува да ги посетува предучилишните установи низ целата држава. Пренесувањето на најважните социјални и општествени вредности се причината за големиот интерес кај образовните и педагошките кадри и кај родителите и барањето за продолжување и проширување на едукацијата.

Карванот преку музички претстави, на непосреден и забавен начин ги учи децата што значи меѓусебно разбирање, како да се препознаат и ценат различностите, што е доверба и другарство и како да се изградат во општествено корисни личности.

За следниот период предвидено е да се опфатат што е можно повеќе предучилишни установи а каде има потреба претставата ќе се изведува двојазично, на македонски и албански јазик. Во првиот дел од кампањата, карванот ги посети скопските предучилишни установи и реализира вкупно 48 претстави, кои успеаја да допрат до импресивна бројка од 8005 деца. По позитивните реакции, проектот продолжува низ целата држава, со планирани посети уште во 80 установи, вклучувајќи и рурални региони.

Иницијатор за создавање на карванот со ваков фокус и функција е Витаминка, компанија што ги негува истите вредности и инкорпорира во своите општествено одговорни кампањи. Со овој карван уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон локалната заедница и создавање позитивно влијание врз новите генерации. Проектот е реализиран од страна на Продукција Триангл, тим од професионални музичари, експерти, педагози, психолози и едукатори, кои се погрижија активностите да бидат прилагодени за возраста на децата и да вклучуваат едукативни елементи.

Со големо нетрпение очекуваме нови насмевки и незаборавни моменти, потврдувајќи ја посветеноста на Витаминка за позитивно влијание врз децата и заедницата, создавајќи иднина полна со вредности и искрена детска радост.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...