❤️Со љубов за Никодим – хуманитарен настан❤️

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со љубов за Никодим е хуманитарен настан кој го организираат неколку ентузијасти од Прилеп и Битола. На 15.10 вторник со почеток од 19 часот во клуб Калинка ќе се одржи овој хуманитарен настан на кој што ќе настапат: Sioto Jazz , The Dreamers , The Hounds и Banda Band .
Сите кои сакаат да помогнат на малиот Никодим  да му се направи потребната операција во странство можат да дојдат, да бидат хумани со донации и да уживаат!
Картите се во продажба по цена од 150 денари секој ден од 10 до 13 часот и од 16 до 19 часот на билетарата на Дом на култура Марко Цепенков и во веге бар и ресторан Аура (во работното време на ресторанот).
https://www.facebook.com/share/S7Bzi7GPLd6ZWrvR/
 НИКОДИМ ИМА САМО  3,5 години, ИМА ТУМОР НА ГЛАВАТА И ХИДРОЦЕФАЛУС ЗА КОЈ ПОТРЕБНА ИТНА ОПЕРАЦИЈА  ВО ТУРЦИЈА.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепскиот “wonderkid” со прв професионален договор во Брера

Уште еден доказ дека вистинската приказна се гради од темел. Нашиот Габриел Талески стави потпис на професионален договор со ФК Брера Струмица. Од школата до првиот тим – патот не е лесен, но кога клубот стои зад своите млади, соништата стануваат реалност. Во Брера не зборуваме само за иднината –...

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Имаме јасен план за стабилизација на ФК Победа!

Состојбата со ФК Победа беше тема на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, на која говореше Златко Рикалоски, инаку советник во Советот на Општина Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

Нападнати полицајци кои спречувале нарушување на јавниот ред и мир

Прилрпчанец ги нападнал и полициските службеници кога тие се обиделе да го спречат во нарушувањето на јавниот ред и мир. Имено, на 25.12.2025 во 11:30 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.М.(43) затоа што го нарушил јавниот ред и мир. При...