❗ УХМР издаде жолто ниво на предупредување од поплави ❗

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата.

За денеска УХМР издаде портокалов метеоаларм за обилни врнежи од дожд во источните делови од Македонија, каде се очекува да наврне над над 35 литри на квадратеен метар.

На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

70 години Витаминка – вкусот што ги поврзува генерациите

Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба,...

Ќе се одрази ли врз локалната економија отпуштањето работници од „Генетерм“?!

На инфо средбата во Прилеп заменик-министерот за економија Марјан Ристески, изјави дека американската компанија Gentherm во ТИРЗ Прилеп ќе го намали бројот на работници поради осовременување на производството и најави нов инвестиција во ТИРЗ зоната. За ова нема официјална потврда колку вработени ќе бидат опфатени, но неофицијално се споменува бројка...

Доделени вредносни ваучари за најдобрите маски на „Прочка 2026“

Денеска Општина Прилеп, како организатор на карневалот „Прочка 2026“, во знак на благоданост им додели вредносни ваучари за патување на учеснците на карневалот. Со овие средства организаторот очекува прилепските маски да ги искористат за учество на карневали во нашата држава, но и надвор од неа, “бидејќи, преку нив го промовираме...