Ѕвезда за Коста Смилески на „Патеката на славните“ по повод 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп се подготвува за одбележувањето на 3 Ноември, Денот на ослободувањето на градот  од фашистичката окупација . По тој повод  Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп ги покануваат граѓаните да се приклучат на одбележувањето 81 година од ослободувањето на градот (1944–2025), кој годинава се одбележува под мотото “Минатото со гордост – Иднината со визија“, како симбол за потсетување да не се заборави минатото, а да се делува со визија за иднината на градот.

Годинава по долго време по повод  3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп на  “Патеката на славните“ ќе биде поставена нова ѕвездена плоча со името на Коста Смилески, прилепчанец еден од најдобрите флејтисти во Македонија, деец на македонската народна музика и еден од основачите на КУД “Мирче Ацев“, роден во Прилеп 1939 година – починал 1995 година во својот роден град.

Инаку, одбележувањето на Денот на ослободувањето на Прилеп е 81 годишна традиција која претставува момент за почит кон историјата и инспирација за идните генерации. По тој повод ќе биде положено свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци и ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Прилеп, со доделување на дипломи и признанија на институции и поединци кои оставиле белег и придонеселе со својата работа за развојот на градот.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...

Отстранети хаваристаните возила и сметот од гаражниот простор на Цепенков

Подрумот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, се кој преставува гаражно место на оваа институција, конечно, почна да се расчистува од хаварисани возила, смет и ѓубре. Моментно ова е само почеток, велат надлежните, кои планираат во целост да го санираат овој простор. Со акцијата се враќа редот и...

(ФОТО)Крушевчанецот Ставре Јада настапи на ЗОИ 2026

Македонската олимписка гордост крушевчанецот Ставре Јада настапи на олимписките игри во Милано-Кортина , на патеката спринт ,во квалификациите.Во конкуренција со најдобрите светски имиња, Ставре покажа дека најдобрите македонски спортисти имат срце , а неговото време беше 3:59:56.Неговото време беше 52 секунди послабо од времето на најбрзиот натпреварувач, а од вкупно...