Зрновци – Модерна Општина со природни богатства и уредена инфраструктура

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Зрновци, сместена во Источниот дел на Македонија, на само 8 километри од Кочани, изобилува со многу природни убавини.

Селата Зрновци, Видовиште и Мородвис ја сочинуваат оваа општина која е лоцирана во падините на планината Плачковица.

Зрновци се гордее со своите природни ресурси, каде 57% од површината се покриени со шуми, додека 32% е обработливо земјиште.

Најзначајниот дел од земјиштето е наменет за оризови полиња, кои годишно произведуваат околу 800 тони оризова арпа.

Среде оваа природна убавина поминува Зрновска Река, која претставува една од најбогатите со вода притоки на Брегалница. Реката, како и други природни богатства, е вистински благослов за оваа област.

Андон Ванчо, жител на Зрновци, изрази големо задоволство од условите за живот, нагласувајќи дека општината е едно од најдобрите места за живеење.

Тој ги пофали напорите на градоначалникот Борчо Коцев за развој на општината.

Селото има уреден парк и плоштад, каде се наоѓа споменик на заштитникот на општината „Св. Димитриј“ и фонтана која дава дополнителен шарм на местото.

Во Зрновци функционираат основното училиште „Синиша Стоилов“, детска градинка „Бисерчиња“, како и неколку угостителски објекти кои нудат домашна атмосфера и кулинарски уживања.

Црквата „Свети Димитриј“ потекнува од крајот на 17 и почетокот на 18 век.

Главниот патронен празник црквата го прославува на Митровден, кој воедно е и општински празник.

По тој повод, општината организиара голем број настани.

Минатата година во месец април беше поставен и осветен крст, со височина од 18,5 метри, а е лоциран на ридот кај филтер станицата во Зрновци.

Според последниот попис од 2021 година, општината има 1.534 жители, од кои 234 живеат во Видовиште и 318 во Мородвис.

Зрновци е доказ дека и помалите општини можат да нудат висок животен стандард и иднина за своите жители.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Тешка сообраќајна несреќа во Кочани: возач пренесен на лекување во Скопје

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 15:43 часот во Кочани, на улицата „Маршал Тито“. Патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.П. од село Чешиново, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош во Општата болница во Кочани, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и

Татко од Кочани си ја нападнал ќерката со тврд предмет – и го одзел мобилниот телефон

На 21.01.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека  на 05.01.2026, во семејниот дом, со употреба на тврд предмет, физички ја нападнал неговата 16-годишна ќерка, при што и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.