Зошто не работи Испитниот центар за возачи?!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

МВР привремено го затвори испитниот центар во Битола на кој му даде лиценца пред само три месеци.

Деновиве Министерството за внатрешни работи направило инспекција во битолски „Супер возач“ при што било утврдено дека Испитниот центар не поседува соодветна документација за потребниот стручен кадар и возила, а фирмата не водела и уредна еведенција. Битолскиот сообраќаен испитен центар „Супер возач“ ,во кои полагаат и кандидати од Прилеп, добил забрана за работа од 30 дена. Со ова кандидатите во Пелагонискиот регион ,за прва возачка дозвола или за дополнителна категорија, нема да може да полагаат најмалку до 13 септември оваа година.

Лиценцата за испитен центар во Пелагонискиот регион „Супер возач“ ја доби во првата половина на мај во трка со фирмата СИЦ „АМ“, која беше испитен центар до декември 2024 година. Првиот конкурс пропадна бидејќи МВР процени дека и двете фирми не ги исполнувале условите.

Од 15 декември, кога заврши лиценцата на претходниот испитен центар СИЦ „АМ“, па сè до 13 мај 2025 година кога лиценцата ја доби „Супер возач“ од Битола, немаше полагање за возачки испити во Пелагонискоиот регион. МВР, пред само три месеци и издаде лиценца на „Супер возач“, со заклучок дека ги исполнува условите да биде Испитен центар за полагање на возачки испити во Пелагонискиот регион за следните пет години.

Сега, со инспекцијата на МВР и казната од еден месец значат дека повторно нема полагање, почнувајќи од 12 август 2025 година. На интернет-страницата на „Супер возач“ тврдат дека така ќе биде најдоцна до 13 септември, што навестува дека фирмата се надева оти ќе ги отстрани недостатоците во дадениот рок.

Министерството за внатрешни работи (МВР) и официјално потврди за „360 степени“ дека битолскиот сообраќаен испитен центар „Супер возач“ добил забрана за работа од 30 дена.

Во одговорот се наведува и дека „Супер возач“ има рок од 30 дена да ги острани недостатоците. Ако се прочитаат законските и подзаконските акти на кои се повикуваат од полицијата во одговорот до „360 степени“, пак, станува јасно дека е можно и одземање на лиценцата за испитен центар за „Супер возач“. Така предвидува законот, ако испитниот центар не успее да ги отстрани забелешките во дадениот рок од 30 дена.

Повеќе на 360 мк

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: